Е-Потсетник е сервис кој преку СМС пораки и електронска пошта ќе ги известува граѓаните кога наближува рокот на важење на некој документ, кога некој документ е подготвен или се воведуваат нови услуги.
Засега услуги нудат неколку министерства и институции. Министерството за економија ќе ги потсети корисниците кога истекува лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци, решение за категоризација на хотел или мотел, и потсетник за истекување на лиценца на кабаре. Управата за водење на матични книги преку услугата ќе ги извести корисниците кога нивните документи се готови за подигнување, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе ги известува земјоделците кога се достапни грантови од ИПАРД програма и други слични известувања за земјоделците. Услугите може да ги прегледате тука.
„Станува збор за автоматизирано праќање на потсетници до граѓаните и фирмите за документи услуги, согласно критериумите и условите утврдени од страна на институциите. Фактот дека СМС пораките се честа алатка за комуникација и не побаруваат учење на дополнителни вештини, ја прави оваа алатка ефективна за подобрување на комуникацијата и пристапот до владините ислуги“, објаснува ИТ министерот Иво Ивановски.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.