Tesla промени дел од имињата на работните позиции во своите канцеларии. Како последица на ова Елон Маск не е повеќе извршен директор туку „технокрал“. И со новата позиција г. Маск ќе остане на позиција директор на Tesla.
Покрај името на позицијата извршен директор има промена и во извршниот финансиски директор кој до следната промена ќе ја има улогата „Master of Coin“. Оваа титула е за Зак Киркхор кој е на позиција извршен финансиски директор. Како и г. Маск и г. Кирхор ќе ја задржи досегашната положба на извршен финансиски директор.
Во последно време Twitter профилот на г. Маск е полн со твитови кои го промовираат dogecoin, за кои и самиот Маск потврди дека треба да бидат шега. Претходно поради објави на друштвени мрежи беше казнет и отстранет од позицијата претседател на Tesla.
Последно од профилот на г. Маск е песна за NFT продуцирана од него. Со ова прави мала промоција за овој тип на крипто токени.
Non-fungible tokens (NFT) е начин на кој било кој дигитален објект од меме до твит може да се претвори во колекционерски дигитален објект. Како и останатите крипто-токени и NFT се базираат на блокчејн, а поседувањето на токенот е доказ за сопственоста на дигиталниот објект.







