0 коментари 3 мин. читање 4 март, 2021

Google ќе престане да нè следи за реклами – интернет колачињата нема да бидат заменети

На почетокот на минатата година Google најави дека ќе ги блокира колачињата на следење на Chrome. Овие колачиња овозможуваат следење на корисниците за реклами. Google е еден од најголемите продавачи на рекламен простор, па главното прашање тогаш беше „Што ќе ги замени колачињата за следење на секој корисник?“.

Денес го добивме одговорот од Google. Колачињата нема да бидат заменети, и индивидуалното следење на корисниците ќе запре. Она што ќе биде користено во иднина е групирање на корисници. Наместо персонализирани реклами за секој корисник, рекламите ќе бидат испорачувани на групи со заеднички интереси. Податоци за реклами ќе бидат обезбедени со API кое ќе овозможи поголема приватност за корисниците, но и релевантно рекламирање.

„Денес кажуваме експлицитно – по повлекувањето на колачињата, нема да креираме алтернативен начин за идентификување на индивидуи додека прелистуваат по интернет. Ниту ќе користиме ваков начин на следење во нашите призводи“, вели Давид Темкин на блогот на Google.

Во иднина Google ќе ги „крие“ податоците на индивидуалните корисници во поголеми групи на корисници. Обработката на податоците и сместувањето во групи на корисници кои споделуваат интереси ќе се прави на уредот на корисникот. Google овие промени ги нарекува Privacy Sandbox. „Слично како публика на концерт, веб-страниците и огласувачите ќе знаат единствено дека илјадниците корисници имаат заеднички интерес“, објаснува Google.

Интернет колачињата од трети страни веќе се блокираат на Firefox и на Safari. Сепак значително поголемиот број на корисници на Chrome ќе предизвика поголемо поместување. Промените ќе го оневозможат индивидуалното таргетирање, кое ќе биде заменето со таргетирањето на групи корисници. Ова е овозможено со напредокот во агрегирањето, анонимизирањето и обработката на податоците директно на уредите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top