0 коментари 1 мин. читање

Kindle е најкористениот Android таблет за сурфање

Таблетот на Amazon, Kindle, со 42.5 отсто од измерениот сообрaќај е најупотребуван Android таблет компјутер за пристап на интернет на северноамериканскиот пазар. Сепак кога станува збор за најкористен таблет компјутер, првото место останува во „рацете“ на iPad со 84.3 отсто од интернет сообраќајот и пораст од 1.9 отсто од јуни, покажува анализата на Chitika.

Интересно новиот Nexus 7 не го помести пристапот до интернет и Nexus серијата останува на 7.2 отсто во делот за интернет сообраќајот. Намалувањето на цената на таблетот на Amazon, му донесе на Kindle пораст од неколку проценти. Се чини дека порастот на користење на Kindle е на сметка на сите Android таблети со исклучок на Nexus, но најголем удар претрпеа Samsung таблет компјутерите. Засега изгледа извесно дека состојбата на пазарот ќе остане непроменета до новогодишните празници, период во кој речиси секој пат има видливи поместувања.

За оваа анализа Chitka испита податоци од десетици милиони Android таблети, кои ја оставаа својата трага на Chitika Advertising Network од почетокот на јуни до крајот на август. Потоа се издвоени Nexus 7 и Kindle Fire уредите и споредени се со останатите Android уреди.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top