0 коментари 2 мин. читање

И Qualcomm се вмеша меѓу паметните часовници со Toq

Без намера да се натпреварува со големите компании како Samsung, Sony, Apple или Google, Qualcomm го претстави својот паметен часовник Toq, кој е наменет да биде дополнителен дисплеј за паметните телефони кога нивниот екран е исклучен. Основната идеја зад телефонот е да послужи како катализатор за забрзување на производство на паметни часовници или пак слични уреди, се разбира и да ги мотивира големите компании во своите уреди да ги користат деловите кои ги произведува Qualcomm.

„За нас уредот е единствено да покажеме кои се способностите на Mirasol екраните, но и да потврдиме дека токму ова е вистинската технологија која треба да се користи за преносни компјутери.“, вели Пол Јакобс од Qualcomm, за Wall Street Journal.

[youtube]YzTrqifCOhs[/youtube]

Изгледа дека компанијата е сериозна Toq да биде часовник кој само ќе го „рекламира“ дисплејот, па дури и на промотивната страна се наоѓаат далеку повеќе податоци за дисплејот, отколку за часовникот во целина. Mirasol според спецификациите изгледа одлично. Тоа е дисплеј кој ја распределува светлината, па можете да ја погледнете содржината без одблесок, а покрај ова екранот е и прилично штедлив кога е во прашање батеријата, па часовникот ќе треба да се полни на секои пет дена. Од остатокот на хардверот познато е дека часовникот ќе има 200MHz Cortex M3 процесор кој е значително поштедлив од Snapdragon, а изгледа дека е сосем доволен за намената на часовникот.

Од функционалностите најавено е дека на часовникот ќе може да прифатите или одбиете разговор, да разгледате текст порака или да го разгледате распоредот и потсетниците. Покрај ова часовникот доаѓа со Bluetooth слушалки на кои корисниците ќе може да слушаат музика. Часовникот функционира единствено со паметни телефони кои имаат Qualcomm Toq апликација која е поддржана на Android 4.0.3+.

Qualcomm ја одреди цената на Toq на околу 300 долари. Очекувањата се дека ќе се појави во втората половина на октомври и тоа во онлајн продажба и во неколку продавници. Сепак Qualcomm најавува дека ќе произведе неколку десетици илјади од Toq, но и дека се подготвени и веќе работат на надградба на часовникот, но претпочитаат надградбата и следните верзии да ја направат во соработка со некој од партнерите.

[youtube]SQsmmdD-GYI[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top