0 коментари 2 мин. читање 23 февруари, 2021

Кинеските хакери користат кинеска реплика на кодот на NSA

Кодот кој го користат кинеските хакери е развиен од Националната агенција за безбедност (NSA) тврдат безбедносни експерти од израелската компанија CheckPoint Software Technologies.

Софтверот на алатката „Jian“ која кинеските хакери ја користат за шпионирање е речиси копија на алатки кои беа објавени во 2017 како дел од пробивањето на NSA. Сличноста е толкава што безбедносниот експерт Јанив Балмас од CheckPoint Software Technologies ја нарече алатката „кинеска реплика“, вели Reuters.

Безбедносните експерти и претходни ја обвинуваа Националната агенција за безбедност дека наместо да ги пријавува, активно злоупотребува безбедносни пропусти. Тие се само една од агенциите кои ги злоупотребуваат „zero-day“ пропустите, а вратите се широко отворени за сите. Ова е одличен показател како злоупотреба на безбедносни пропусти и креирање на хакерски алатки на крај се користат против нивните креатори.

Секако не е тајна дека агенциите на сите држави ги злоупотребуваат овие пропусти. Секогаш кога ќе нивните вработени ќе откријат некој пропуст наместо да го пријават за да го затворат, бараат начин како најефикасно да го искористат за напад. За жал отворените пропусти се отворени за сите, па на крај сите се и жртви.

Во 2016 групата Shadow Brokers ги стави на продажба алатките на NSA и за нив побараа 1 милион биткоини. Jian е креиран две години порано и покажува дека агенцијата го „загубила“ софтверот и пред 2016 кога за првпат беше објавено пробивањето на NSA.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top