Американските власти предупредуваат дека Android е најранливата платформа на која може да се најдат дури 79 отсто од вкупниот злонамерен софтвер. Втората најранлива платформа е Symbian на Nokia која е напаѓана од 19 отсто од злонамерниот софтвер. Споредено со нив, конкурентниот iOS е далеку побезбеден со само 0,7 отсто oпасност, односно 0,3 отсто за Blackberry и Windows Phone.
Податоците се од меморандум од 2012-та година испратен од Министерството за домашна безбедност до полицијата, пожарникарите и другите службеници. Документот вели дека Android е „главна цел на нападите“ поради својата доминантна позиција на пазарот и бидејќи е со отворен код кој може да се искористи од криминалците за креирање на злонамерни апликации кои се подлабоко интегрирани во платформата. Најголемите опасности доаѓаат од SMS тројанци, рутот и лажни Google Play домени.
Препораките испратени до владините службеници е да користат безбедносни апликации за Android, да инсталираат Carrier IQ тест апликација (за набљудување и следење на локација) и да го одат според протоколот на ИТ одделот за надградување на нови верзии.

Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.