3 коментари 2 мин. читање

Бредли Менинг сака да го промени полот

Од денес викајте ме Челзи, вели изворот на Wikileaks, Бредли Менинг. Американскиот војник кој пред еден ден беше осуден на 35 години затвор за шпионажа и откривање на доверливи тајни, рече дека сака да започне со хормонска терапија и да продолжи да живее како жена „во новата фаза од мојот живот“.

„Би замолил од денеска да ми се обраќате со моето ново име и да ме ословувате како жена.“, вели Менинг во соопштение испратено преку неговиот адвокат до NBC. „Јас сум Челзи Менинг. Јас сум жена. Бидејќи се чуствувам така, и се чуствувам така уште од детството, би сакал да почна со хормонска терапија колку што е можно побрзо“.

Покрај соопштението за својата трансексуалност, Менинг испрати и писмо до американскиот претседател Барак Обама во кое побара да биде помилуван. Во писмото Менинг објаснува дека иако сака/л да и помогне на својата држава, сепак бил соочен со неморалните активности на војската која ја злопуотребувала својата моќ, која наместо да преземе одговорност за убиствата на цивили, таа ги криела зад маската на национална безбедност и доверливост.

„Разбирам дека моите активности се косат со законот. Жал ми е што ги повредив Американските соединети држави. Не ми беше тоа целта.“, вели дваесет и пет годишниот војник. „Доколку го одбиете моето барање за помилување, ќе си ја одлежам казната знаејќи дека понекогаш треба да се плати висока цена за да се живее во слободно општество“.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top