0 коментари 1 мин. читање

Мобилните Google Maps сега прикажуваат реклами во пребарувањето

Google започна да презентира релевантни реклами во мобилната апликација за Google Maps. Новината доаѓа истовремено на Android, iPhone и iPad верзиите на апликацијата, а сигурно ќе им се допадне на бизнисите кои се рекламираат на Google Maps.

Рекламите ќе се појавуваат на дното на екранот откако корисникот ќе пребарува нешто. Рекламите содржат наслов, текст и линк кој ќе ги води корисниците до упатството за стигање до локацијата. Овие реклами ќе бидат презентирани единствено ако пребарувањето на корисникот е поврзано со локациите, но Google нема да ги прекинe рекламите кои овозможуваат хајлајт на локациите.

Што се однесува на плаќањето, останува наплата-по-клик, со тоа што за секое отворање ќе се бројат најмногу два клика. Покрај разгледувањето на рекламата се плаќа и за детали за локацијата, пат до локацијата и клик-за-повикување. Новата верзија на Google Maps може да ја најдете на Google Play и Аpp Store.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top