0 коментари 1 мин. читање

Ни директорот на FBI не е имун на phishing измамите

„Бев само неколку клика од тоа да станам жртва на класична интернет phishing измама. Треба да сум попретплазлив.“ рече г-дин. Мулер.

Денеска FBI објави дека се уапсени 33 криминалци од САД и 47 египетски хакери, како резултат на двегодишната акција „Operation Phish Phry“. Измамниците од САД и Египет се обвинети за phishing измами на две финансиски институции на САД. Вкупно, измамниците успеале да извлечат околу 2 милиони долари.

„Ова е најголемиот интернационален случај на phishing измами.“ изјави директорот на FBI.

Phishing измамите се сé почести. Верувам сите сте запознаени со Facebook измамата, а неодамна беше откриена и листа со кориснички имиња и лозинка за имејл сервиси како Hotmail, Gmail, Yahoo

Тoa што мора да се каже е дека вие сте единствените виновни ако сте жртва на ваква измама. Не се воопшто работи за технички, софтверски пропуст, туку се работи за пропуст во вниманието на корисниците.

Совет: Краток водич за phishing напади

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top