2 коментари 2 мин. читање

Речиси една петтина од сите веб сајтови работат на WordPress

Основачот на WordPress и Automattic, Мет Муленвег, на WordCamp настанот кој се одржа овој викенд во Сан Франциско, објави дека платформата, која најпрвин беше замислена само за блогирање, е преземена повеќе од 46 милиони пати. На настанот, г. Муленвег зборуваше за развојот и напредокот на WordPress во текот на изминатите години, како и за верзијата 3.6 која треба наскоро да биде објавена.

До сега, во оваа година, се додадени 336 нови теми, што е за 2,3 пати повеќе од минатата година. Во официјалниот директориум за додатоци се испратени 9.334 додатоци од кои 6.758 се одобрени и достапни за преземање. Вкупната бројка на достапни додатоци е нешто повеќе од 26.000, а бројот на теми изнесува скоро 1.900.

Моќта со која располага WordPress ја покажуваат и бројката на тоа колку истата е користена, а таа изнесува 18,9% од сите веб страници. Според г. Муленвег, 69% од корисниците на WordPress ја користат платформата за управување со содржината на своите веб сајтови, 20% ја користат комбинирано како CMS и блог платформа, 6% само како блог и 7% како десктоп апликација.

WordPress 3.6 се очекува да излезе наскоро, а што ќе биде ново во неа можете да погледнете овде. Инаку, за оваа година се планирани три верзии: 3.7 која треба да биде објавена во октомври и 3.8 во декември. WordPress е достапен и на македонски јазик и можете да го преземете од mk.wordpress.org.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top