0 коментари 2 мин. читање

Се соочуваме со дигитална мафија, вели Cisco

{mosimage}„Лошите момци“ започнаа агресивно да соработуваат, продавајќи си ги уредите и стоката, a развиваат и вештини во специфични тактики и технологии, вели Cisco во својот полугодишен извештај за онлајн безбедност. Најпроблематично за Cisco е што онлајн криминалците соработуваат, пример соработката меѓу креаторите на Conficker и Waledac.

Conficker е познат дека за многу кратко време зарази преку десетина милиони компјутери. Експертите едно време се чудеа за намената на оваа чудна мрежа, но на крај се испостави дека Conficker всушност се обидува да продаде лажен анти-вирус на жртвите така што ќе ги лаже дека компјутерот им е заразен. На сличен начин функционира и Waledac кој ги носи жртвите кон лажен сајт кој нуди технологија за прислушкување на мобилен.

Проблемaтично е што луѓето зад овие малициозни софтвери го ширеле Waledac преку веќе поставената мрежа на Conficker која брои милиони компјутери.

Во извештајот на Cisco се споменува и свинскиот грип кој стана тема на многу спам пораки кога грипот беше актуелен. Дури 4 отсто од светскиот спам бил во врска со грипот.

Во извештајот се споменува и затварањето на МcColo хостинг провајдерот, кој хостирал дури 50% од светскиот спам. Покрај спамот на серверите е најдена и детска порнографија.

„Безбедноста мора да биде чекор пред криминалот. Потребна е едукација за опасностите од онлајн криминалот.“ вели Cisco во својот извештај. Подолу ќе најдете кратко видео кое го сумира извештајот.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top