0 коментари 1 мин. читање

Edison e брза и функционална еmail апликација која потсетува на Outlook

Edison е апликација за сите ваши потреби побрзани со електронската пошта. Во поглед на дизајнот, Edison потсетува на Outlook, но се разликува од чедото на Microsoft во тоа што е значително побрза. Сите акции се флуидни и инстантни, независно од тоа дали ја користите апликацијата за Android или iOS.

На располагање го имате и таканаречениот Focused Inbox каде што се првенствено дава предност на поважните мејлови. Низ интерфејсот се провлекува и корисен асистент кој помага во правењето на вашите идни планови. Имено, доколку кликнете на Travel, асистентот ќе проба да ги пронајде сите ваши планови кои би можеле да ги имате, а се поврзани за патување. Особено ни се допадна можноста да престанеме да добиваме мејлови од одреден извор со само еден клик.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top