0 коментари 2 мин. читање 13 ноември, 2020

Подобра заштита од malware со Ultra Adware Killer

За тоа колку е важна правилна заштита од штетни инфекции во форма на adware или malware имаме пишувано во бројни прилики.

За да спиете помирно во овој поглед, би можеле да ја проверите алатката Ultra Adware Killer. Најновата, деветта верзија на алатката врши солидна работа во детекција и уништување ем adware ем malware од најразличен калибар. За да ја користите алатката, кликнете на копчето Scan и за брзо време ќе добиете информации за тоа што е пронајдено и каде се наоѓа.

Schedule automatic scans

Ultra Adware Killer може да се подеси да функционира низ сите кориснички акаунти или само на вашата. Потоа, лесно може да отстрани несакани ленти со задачи од прелистувачи, додатоци, плагини. Паралелно со ова, Ultra Adware Killer немилосрдно ќе стави крај на несакани енџини за прелистување, променети домашни страни, како и потенцијално несакани програми, или PUP. Сево ова е уредно прикажано преку надграден интерфејс кој сега ви дозволува и да го исклучите скенирањето за anti-malware.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top