Нема реформа во „gig“-индустријата

во Вести

Условите за работа за вработените во Uber и Lyft, како и куп други вработени кои се дел од „gig“-индустријата ќе останат како и досега.

Прашањето за менување на нивната работа беше поставено на гласачките ливчиња во Калифорнија. Сепак поради претседателската трка иако интересно ова прашање останаа помалку незабележано.

Прашањето за „gig“-економијата го одговараа гласачите во Калифорнија. Одговорот на гласачите е дека оваа економија треба да остане непроменета. Тоа за „вработените“ во овој сектор значи дека остануваат без законска заштита. Поточно во случајот на Uber и Lyft тоа значи дека луѓето кои вршат превоз со помош на апликациите на овие две компании, не работат за компаниите.

Ова значи дека компаниите можат и понатаму да ги третираат како изведувачи. Дел од работничките права кои сега ги немаат се боледување, здравствено осигурување и слично. Компаниите кои се спротивставуваат на ова велат дека класифицирањето како вработени е опасно за целата индустрија на апликации за транспорт.

Компаниите како Uber и Lyft значително ја поддржаа оваа кампања. Заедно со уште неколку помалку познати компании потрошија над 200 милиони долари за промовирање.

Секако Калифорнија може да даде одговор единствено за превозниците кои возат во нејзините граници. Останатите држави во САД можат да донесат сопствени одлуки различни од оваа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments