Starlink на првите поголеми тестови ги надмина ветувањата

во Свет

Тестовите на системот за сателитски интернет на SpaceX, Starlink веќе ги даваат првите резултати. Брзината на интернет врската е побрза од 150 мегабити во секунда, а во Белви, Вашингтон е забележана рекордна брзина од 205,82Mbs, јави Business Insider. Starlink на овие тестови е толку добар што брзината е подобра од 95 отсто од интернетот кој го добиваат корисниците во САД.

Сега на ред е надминување на вториот проблем кој е значителен. Цената на приемникот за користње на Starlink е значителна. Заинтересираните корисници треба да платат 600 долари за опремата. Овој трошок кој треба да се плати однапред, е значителна пречка за побрзо распространување на технологијата. Дополнително што сателитскиот интернет пред се треба да покрие рурални области во држави во развој. Во оваа зона овие 600 долари се значителна пречка.

И самиот Елон Маск во одговор на прашање на Twitter потврди дека намалување на цената на Starlink терминалот е голем технички предизвик. Најголем дел од цената отпаѓа на приемникот (500 долари) остатокот од 100 долари е месечната претплата за услугата.

Она што е интересно, а и помалку смешно, е што дел од правилата за користење на Starlink е признавањето на слободата на Марс.

„За услугите што се обезбедуваат на Марс, или во транзит кон Марс преку Starship или друго вселенско летало за колонизација, страните го признаваат Марс како слободна планета и дека ниту една влада на Земјата нема надлежност или суверенитет над активностите на Марс“, се вели во условите за користење на Starlink.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments