1 коментар 2 мин. читање 23 април, 2013

Активисти бараат интернационална забрана на „роботите-убиjци“

Џоди Вилјамс од кампањата Stop Killer Robots бара целосна забрана за равој на потполно автономни летала и машини за воен или вооружен напад. Барањето е да не се дозволи развој на машини кои ќе можат самите да ги одбираат целите на напад, и да не се дозволи напад без човечка команда. Иако вакви машини засега не постојат, стравувањата на групацијата е дека со брзиот развој наскоро ќе постои и технологија која ќе може целосно да го отстрани човечкиот фактор од командниот синџир.

Гласноговорникот на движењето, г-ѓа Вилјамс, е добитник на Нобелова награда за мир 1997 година поради нејзините заложби за отстранување на противпешадиски мини.

„Обичните луѓе ќе застанат на наша страна… Јавното мислење е ужаснато од помислата за напредок на автономните системи. Луѓето не сакаат роботи убијци по улиците.“ вели таа во интервју за BBC.

„Целосен мораториум наместо забрана.“, е мислењето на професорот Роналд Аркин кој се залага за одлагање на автономните машини се додека не се потполно подготвени. Министерството за одбрана на САД барем засега се залага секое оружје да остане со можност за откажување на барање на операторот на оружјето.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top