1 коментар 1 мин. читање

Спречете ги киборзите! Активисти предупредуваат дека Google Glass ќе ја уништи приватноста

Група лондонски активисти за онлајн приватност со име Stop the Cyborgs вели дека уредите со проширена реалност, како Google Glass, ќе креираат свет во кој приватноста нема да биде можна. Групата веќе направи постери со кои ги предупредува луѓето за наводните опасности од носење на наочарите на Google, пишува BBC. Групата има изработено и постери за локалните бизниси кои сакаат да ги забранат наочарите.

„Ние не сакаме да ги забраниме комплетно уредите. Туку сакаме луѓето активно да постават физички граници околу користењето на технологиите, а не само фатално да го прифатат патот по кој не води технологијата.“, велат активистите.

Нивната борба против Google Glass започна откако Google побара од корисниците на Twitter да смислат креативни начини како ќе ги користат Google Glass. На најкреативните идеи Google ќе им даде можност да го добијат првиот комерцијален прототип од наочарите.

Google oдговори на критики, велејќи дека се „размислувавме многу на дизајнот на Glass бидејќи новите технологии секогаш отвараат важни прашања во општеството“.

[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top