Интересот за дигитални книги и нивното изнајмување од библиотеките во периодот на пандемија порасна 52 отсто. Ова иако е одлично бидејќи до корисниците наеднаш на притисок на копче се илјадници книги сепак е проблем.
Трендот на зголемување на интересот на е-книгите е само забрзан од пандемијата. Истражување направено во 400 библиотеки во САД и Канада покажува дека во време на пандемијата една третина од библиотеките троши помалку на книги и аудио книги отколку пред пандемијата. Во овие библиотеки забележан е пораст на купувањето на дигитални книги, пренесе Ars Tecnica.
Сепак ова не е без проблеми. За разлика од класичните книги, библиотеките треба за дигиталните книги да платат лиценца. Па секое истекување на оваа лиценца треба да се одлучат дали ова е исплатливо. Купувачите за дигиталните книги треба да платат околу 15 долари и ќе ја поседуваат книгата засекогаш.
Порастот на интерес за дигитални книги е загрижувачки за издавачите на книги. Поради ова издавачи како Мекмилан (Macmillan) имаат дополнителни ограничувања на дигиталните книги. Во првите два месеци од издавањето на книгите на библиотеките им е овозможено да издаваат единствено една копија.
Дигиталните книги значително ја менуваат работата на библиотеките. Нема потреба од физички простор за книгите; транспорт; нема казна за задоцнето плаќање. Секако без вештачко наметнување нема потреба ниту од некакви недостатоци кога има поголем интерес за книгите.
Можеби недостатокот од е-читачи е единствената причина поради која интересот за дигитални книги не е со уште поголем пораст. Добра вест е дека е-читачот зафаќа многу помалку простор од библиотеките кои се потребни за физичките книги.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.