0 коментари 2 мин. читање 18 март, 2013

Европската вселенска агенција сака да и помогнете да го проучи слетувањето на вселенските летала

Европската вселенска агенција (ESA) изработи апликација за iOS со помош на која, доколку поседувате Parrot.AR Drone, ќе може да помогнете во проектот за автоматизација на слетување на вселенско летало. Апликацијата е наречена Astro Drone, и е всушност „краудсорсинг“ игра која ја проширува реалноста за визуелно да ги претстави платформите на кои ќе треба да го слетате леталото. Информации од играта ќе бидат испраќани до ESA за да изградат практично решение.

„За Европската Вселенска Агенција, развојот овозможува многу поголемо вклучување на јавноста во научните експерименти…   Ова овозможува да собереме огромен број податоци за алгоритмите, што не е можно на ниеден друг начин.“, вели лидерот на проектот Леополд Самерер.

Што се однесува до играта играчите добиваат поени за брзо но стабилно слетување, намалување на брзината пред слетувањето, но и за пристап од точната страна. Податоците се заштитени, а агенцијата е заинтересирана единствено за брзината и математиката која ја користи леталото, личните податоци на корисниците и локациите каде играат, нема да бидат разгледувани. Следните нивоа ќе овозможуваат слетување на различни локации, на пример слетување на кометата 67P/Churyumov–Gerasimenko.

[youtube]NIb7-gVuV8k[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top