Кога хакерската група која себе си се нарекува „Анонимни“ го проби сајтот на ВМРО, многу луѓе помислија деке ете и во Македонија се присутни oзогласените хактивисти Anonymous. Но, освен што имаа слични симболи и, очигледно слично име, „анонимните“ со повици за етничка војна и зголемување на етничките тензии беа далеку од идеалите на светски познатата хакерска група.
Во своето ново видео „анонимните“ повторно се појавија со маски на Гај Фокс (кои се препознатлив знак на вистинските Anonymous), овојпат повикувајќи да се „палат свеќи“ за соживот и се уште држејќи цврст националистички став за наводна одбрана на Македонија. Но, овојпат побрзаа и уште на самиот почеток на видеото негира дека немаат ништо со познатата хактивистичка група. Тогаш зошто „анонимните“ не одберат друго име што ќе ги претставува нивните идеали, наместо да се обидуваат да се поистоветат со познатите хактивисти? Откако не им успеа да наметнат страв со препознатлив бренд, зошто пак се појавуваат со маската на Гај Фокс?
[youtube]CHip_XqbUJ8[/youtube]
Коментари
18 коментари
Коментарите се затворени.