NightCorer е еден од ретките музички плеери кои покрај одлични можности за репродукција, се одликува и со уникатен елемент за модификација на песните.
Имено, како и секој друг плеер, така и NightCorer ќе ви дозволи да си ги слушате песните, но во кој било момент можете да ја менувате висината на тонот (pitch shift), како и темпото односно брзината на песните.
Со малку експериментирање, би можеле да се здобиете со резултати кои даваат интересни и освежувачки димензии на вашите омилени песни. Вака-променетите песни можете да си ги снимате и да ги слушате на кој било плеер.
NightCorer има едноставен интерфејс, а ги поддржува најчесто користените аудио формати како:
- MP3
- WMA
- WAV
- OGG







