Новиот телефон на ZTE, Axon 20 е првиот телефон со камера која е скриена под екранот. Ниту запчиња, ниту минијатурни дупчиња, ниту камера која излегува од страна. Камерата на Axon 20 е под екранот и слика од таму.
За жал компанијата не сподели премногу информации во најавата. Поточно, не споделија ништо, а единствените податоци кои излегоа протекоа и ги објавија XDA Developers. Предната камера која е скриена зад екранот е 32-МР. Задната камера е дуал со 64 МР/ 8 MP сензор.
Остатонот на хардверот е: 2,460 x 1,080 OLED екран; процесор на 2.4GHz; максимални 12GB RAM; и батерија со капацитет 4,120 mAh.
За среќа нема да мора да чекаме премногу за нови и овој пат официјални податоци. Телефонот е најавен за 1 септември, па повеќе податоци за ZTE Axon 20 и за камера под екранот ќе дознаеме тогаш. Инаку ова не е првиот телефон со камера под екранот, но претходниот модел на Oppo беше прототип.







