1 коментар 1 мин. читање

Apple ќе понуди претплата во пакет

Apple најавува дека наскоро ќе понуди претплата во пакет. Компанијата ќе креира пакети во кои ќе спојува претплати за повеќе од сервисите кои ги нуди. Првите вака спакувани понуди од Apple би можеле да ги видиме веќе во октомври, пишува Bloomberg.

Претплата во пакет ќе има неколку нивоа со различни услуги на Apple. Еден пакет ќе доаѓа со Apple TV+ и Apple Music. Следното ниво на претплата на овие сервиси ќе им додаде и Apple Games. По ова во различни нивоа на претплата ќе доаѓаат Apple News и претплата со која доаѓа повеќе простор на iCloud.

Секако целата на овие понуди е да ја зголеми претплатата, а со тоа и заработката на Apple. Овие редовни приходи секако ќе ја зголемат и популарноста на инвеститорите за Apple кои и онака е супер популарен.

Интересно, Apple нема намера во овие пакети да додаде потенцијално најинтересната претплата која ја нуди, Apple Care.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top