2 коментари 1 мин. читање

Стив Возниак: Apple се повеќе заостанува со iPhone, Samsung е одличен конкурент

Стив Возниак, ко-оосновачот на Apple и човек кој не го фаворизира својот продукт насила, изјави дека Apple се повеќе заостанува зад своите конкуренти во полето на паметните телефони.

„Моментално, според моето мислење, некако заостнуваме со можностите на подрачјето на паметните телефони. Другите нè стигнаа. Samsung е одличен конкурент кој прави навистина одлични производи“, вели Возниак за Wirtschafts Woche.

Според него, потребна е напорна работа за да се задржат корисниците на Apple уредите. А тука ја искористи и можноста дека неговата комуникација со својот iPhone и не е баш најпријатна во однос на таа со Windows Phone 8 телефонот. Исто така, тој неодамна изјави дека новата платформа на Microsoft ќе го надмине Android во сите области.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

2 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top