5 коментари 2 мин. читање

ИТ настан: Донирајте за Новогодишна елка од пластични шишиња

Не ги фрлајте пластичните шишиња! Направете елка од нив. Во недела, на 23-те декември, во Градскиот парк во Скопје по втор пат ќе се прави Новогодишна елка од пластични шишиња (еве како изгледаше тоа лани). Организиран од македонската Twitter заедница, оваа година настанот ќе добие поддршка и од други компании, меѓу кои и друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак, кои ќе ја откупат елката, а парите ќе ги донираат за добротворни цели.

 

Настанот е прекрасен гест да се мотивира рециклирањето и донирањето, па би било добро да стане и традиционален настан. Сите се добредојдени да учествуваат, а ако имате вишок шишиња пунктовите за собирање на шишиња ќе бидат отворени во сабота, на 22-ри декември од 12 до 14 часот во Рамстор, Беверли Хилс, Лептокарија, Универзална сала и ТЦ Бисер.

 

Елката ќе се прави утредента, на 23-ти декември во 10:00 часот во Градскиот Парк Скопје, кај Школка. Повеќе детал за настанот и пријава за учество ќе најдете на Facebook.

 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top