3 коментари 2 мин. читање

Како познатите ИТ компании го добиле своето име

Дали знаевте дека Zynga е крстена по куче? Ако името не ви потсеќа на ниедна позната раса, во право сте. Нема таква раса. Zynga е име на кучката на Марк Пинкус, основачот на компанијата.

Порталот Business Insider во интересна статија, отсети на имињата и на кумовите на најпознатите светски компании. Долгото име на Skype всушност е „sky peer-to-peer“ што подоцна е скратено само во Skype. Името на социјалната мрежа Bebo е акроним од „Blog Early, Blog Often“, а името на онлајн базата за недвижности Zillow произлегува од желбата на основачите да креираат „зилиони“ податоци за домови кои ќе им бидат достапни на сите.

Etsy своето имего добиле по долго пребарување на основачот кој бил воодушевен од тоа што еден збор на латински значи „и ако“, а на италијански „О, да“. One Kings Road e крстена по измислена адреса која треба да рефлектира на ексклузивноста на производите.

Еве уште неколку од имињата на светски најпознатите компании и приказната зад „крштевката“.

  • Името на најпознатиот пребарувач Google доаѓа од бројот 000„Googol“ број кој ја претставува моќта на пребарувачот со пристап до милиони информации. Сепак ова не е првото име на компанијата која на своето основање се викале „Back Rub“.
  • Yahоо е инспирирано од книгата на Џoнатан Свифт, Гуливеровите патувања каде Yahoos се нецивилизирани и безобразни суштества, а има значење „Yet Another Hierarchical Officious Oraclе“.
  • Името на рускиот ривал на Google и Yahoo, Yandex всушност има двојно значење „Yet Аnother inDEXer“ и со игра на зборови Index. Руското Я кое значи и Јас и на англиски се преведува со I.
  • Една приказна кажува дека еден друг ривал на Google, Аpple го добил своето име во време кога Стив Џобс работел на фарма. Според зборовите на Стив Вознијак, Стив Џобс ја добил идејата за името Apple Computers на пат од Пало Алто до Лос Алтос.
  • Социјалната мрежа Twitter, пред конечно да го добие името имала работен наслов „Статус“, a  за малку ќе била крстена Twitch. Основачите на микро блогот сакале име што би го означувало „физичкото чувсто кое го доживувате додека ви звони телефонот во џебот.“ Поточно зуењето и вибрациите на телефонот во џебот на вашите пријатели. За среќа „Twitch“ не е доволоно маркетибилно,  па по претражување стигнале до Twitter што во сленг значи повеќе кратки безначајни информации или свиркање на птици.

Сепак, иако имињата на компаниите треба да го рефлектираат брендот и да се препознатливи при споменувањето, многу поважно е препознавањето на квалитетот на услугите кои ги нудат компаниите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top