11 коментари 2 мин. читање

Apple мора јавно да се извини бидејќи е покул од Samsung

Британскиот Aпелационeн суд пресуди повторно во корист на Samsung, велејќи дека дизајнот на таблет компјутерот Galaxy Tab не е премногу сличен со дизајнoт на iPad на Apple. Судот само ја потврди одлуката донесена во јули од судија во Високиот суд од Лондон кој тогаш рече дека уредите на Samsung „не се толку кул“ како тие на Apple.

Во пресудата сега е додадено дека Apple мора да закачи реклама на својот сајт и во одберени весници во траење од еден месец во која ќе објасни дека Samsung не ги прекршил патентите. Рекламата има за цел да ги отстрани погрешните убедувања кај корисниците дека Samsung копирал дизајни на Apple, односно да го поправи „нарушениот углед“ на јужно-корејската компанија.

Еден од тројцата судии од Апелациониот суд кој и самиот поседува iPad, објасни за BBC дека рекламата е наменета да ја разјасни ситуацијата, и да се избегне збунетоста кај корисниците за кој прекршува чии патенти.

„Не се работи за тоа дали Samsung го копирал дизајнот на iPad. Прекршување на регистриран дизајн не вклучува прашања дали имало копирање; проблемот е едноставно дали обвинетиот дизајн е премногу сличен со регистрираниот дизајн според тестовите одредени со законот.“, објаснува Сир Робин Јејкоб.

Apple не сакаше да коментира на одлуката на судот, и доколку не поднесе поплака до Британскиот врховен суд, тогаш оваа одлука ќе важи за цела Европска Унија, oдносно ќе забрани понатамошни судски расправи во регионот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top