Меѓу финалистите на регионалнaта интернет конференција WebFest се најде и македонскиот стартап Ambio.me. Стартапот, кој е мобилен магазин кој зависи од локацијата, ќе се натпреварува со други 11 стартапи од регионот, има шест од Хрватска, два од Србија, по еден од Македонија, Италија и В. Британија, а победникот ќе добие шанса да се претстави на TechCrunch Disrupt. ТC Disrupt е еден од најголемите стартап настани во САД и светот, организиран од ИТ блогот TechCrunch, со гости како Џек Дорси од Twitter, Марк Закерберг од Facebook, познатиот инвеститор Бен Хоровиц и многу други познати имиња од Силиконската долина.
За Митко Цабевски, основачот на Ambio.me, со кого направивме интервју по настапот на SeedCamp во Њујорк, настапот на WebFest е одлична шанса да се научи нешто ново и да се напредува со стартапот.
„Очекувам да се забавуваме :). Да се дружиме, да научиме нешто ново, но и да добиеме искрен критицизам и фидбек. Ги погледнав останатите финалисти, има одлични проекти и конкуренцијата е јака, но ние веруваме во нашата визија и се надеваме на најдоброто.“
Пат на TechCrunch Disrupt значи натпреварување со најдобрите идеи, но првин мора да се помине регионалната конкуренција на WebFest, која како што спомена Митко е „одлична и јака“. Ова се 11-те финалисти од WebFest.
- BackWay App е апликација која овозможува да ги снимите омилените локации и потоа ви покажува како да стигнете до нив.
- MojaGaraza.rs е веб сајт за прашања и одговори за автомобили. Содржината доаѓа од други возачи и механичари.
- SideKickrTV e друштвена телевизија преку која се открива содржина и информации за тоа што се гледа.
- StereoMood ви открива музика спрод тоа како се чувствувате.
- MediaToolkit е сервис кој анализира содржина со најголем потенцијал да привлече внимание на друштвените мрежи.
- AmbioMagazine е мобилен магазин кој наоѓа содржина според локацијата.
- TabStep го олеснува програмирање на табовите на Facebook.
- Shareagift овозможува на пријателите заедно да купат поклон.
- Release14 нуди мрежни производи со слободен код
- VetCloud е наменета за организација на рабоатат на ветеринарите.
- iDerma е наменета за организирање на работата на салоните за убавина.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.