1 коментар 1 мин. читање

Паузирајте ги имејл пораките во Gmail со Inbox Pause

Сите ние кои добиваме по десетици мејлови на ден знаеме дека секоја порака ни го одвлекува вниманието додека се трудиме неуспешно да се фокусираме на некоја поважна работа. Благодарение на Inbox Pause сега може смирено да си ја работиме работата и да го паузираме проверувањето на нови пораки во инбоксот. Inbox Pause работи на Chrome и Firefox, и е доста едноставен за користење. Се што треба да направите е само да кликнете на „Pause“ копчето и да ја одобрите апликацијата.

Исто така, можете да го активирате и автоматскиот одговарач на пораки, кој на сите мејлови кои ќе пристигнат додека сте во пауза, ќе им одговори со ваша сопствена порака.

Откако ќе го паузирате вашиот инбокс, пораките ќе бидат зачувувани настрана од инбоксот и нема да добивате известувања за истите, се додека не кликнете на копчето „Unpause“ од левата страна.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top