0 коментари 1 мин. читање

iPad Mini ќе изгледа како поголем iPod

9to5mac.com пишува дека добиле информации од неколку извори кои велат дека новиот, помал (и најверојатно поевтин) iPad mini ќе bide 7,8 инчи и ќе изгледа како малку поголем iPod Touch, но со оделени копчиња за јачината на звукот и без микрофон на позадината.

Според блогот, дизајнот на iPod има смисла да биде и дизајнот на новиот таблет компјутер бидејќи овозможува да се носи во ташна или во поголем џеб. Пластиката од страна која го држи стаклото сега е помала, што ќе го одреди начинот на како се користи и држи уредот, а со тоа и како и со кои прсти се клика по екранот.

Но, што е со цената? Google започна го да продава своjот Nexus 7 за 199 долари, а се има поверојатни претпоставки и дека Microsoft Surfacе ќе биде околу таа цена, отприлика исто како Kindle Fire читачот на Amazon, иако Surface e 10-инчен таблет компјутер додека другиве уреди се помали. Очигледно дека има дупка во пазарот на таблет компјутери на ниво на цената од 150-300 долари, па нема да биде чудно ако iPad mini биде околу 200 долари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top