Алексис Оханиан се повлече од бордот на Reddit и предложи следниот претседател да биде афроамериканец

во Вести

Го пишувам ова како татко кој сака да може да и одговори на својата црнa ќерка кога ќе го праша: „Што направи ти?“, вели основачот на Reddit во видео пост во кој ја објаснува својата оставка. Алексис Оханиан го повика бордот на неговото место да постави афроамериканец.

Пред 15 години го коосновав Reddit за да им помогнам на луѓето да пронајдат заедница во која ќе имаат чувство за припадност. Долго е задоцнето времето да ја направиме вистинската работа. Го правам ова за мене, за моето семејство и за мојата држава.

Ова го кажувам како татко кој траба да може да и одговори на својата ќерка кога ќе го праша: Што направи ти?

Ја поднесов својата оставка како член на бордот на Reddit, ги повикав на моето место да ме замени афроамериканец, и ќе ја искористам идната заработка од моите акции во Reddit во служба на црната заедница, за спречување на расната нетрпеливост. Започнувам со 1 милион долари во кампањата на Колин Каперник Know Your Rights Camp.

Г. Оханиан е оженет со тенисерката Серена Вилјамс со која има ќерка, Олимпија.

Reddit во минатото беше критикуван поради промовирање на расистичка содржина. Пред три години форумот започна со отстранување на расистичка содржина, најпрво со отстранување на Alt-Right форумот. Сепак дури и оваа недела Reddit беше обвинет дека заработува од говорот на омраза.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments