0 коментари 1 мин. читање

Retrospect нуди бесплатни претплати од 90 дена

Retrospect Backup нуди напредни можности за бекап и заштита на податоци. Но, оваа услуга обично не доаѓа бесплатно. Поради моментната ситуација со пандемијата, Retrospect нуди 90 дена бесплатна претплата и на домашните и на бизнис пакетите.

Домашната верзија штити до шест направи и е достапна и за Windows и за Mac. За да го преземете програмот, потребно е да креирате акаунт, но никако не морате да оставате податоци од кредитна картичка – едноставно оставете го тоа поле празно. За некои корисници, се бара да се внесе кодот COVID за да се добијат 90 дена бесплатен пробен период. Штом ќе истечат деновите, можете да платите тогаш за да продолжите со користењето на програмот, или пак да размислите за некои други, алтернативни решенија. Корисно е тоа што, дури и да ја откажете претплатата, пак ќе можете да повратите некој од претходно направените бекапи.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top