0 коментари 1 мин. читање

Кацига со термален поглед за превенција на ширење на Ковид

Кацига со која корисникот добива вид како „предатор“ и помага на полицијата во Кина, Дубаи и Италија да го спречи ширењето на Ковид-19. Кацигата е опремена со термална камера и овозможува следење на луѓето со повисока температура.

Паметните кациги N901 ги произведува кинеската компанија KC Wearable, а веќе ги користи полицијата во Кина, Холандија, Дубаи и Италија, пренесе Business Insider.

Со помош на камера и екран за проширена реалност, полицијата може да ја следи температурата на граѓаните на растојание од 2 метри. Процесорот во кацигата кој ги обработува овие податоци е ARM. Иако 2 метра и не баш некое растојание кое ни влева доверба, сензорот за температура мери со прецизност од 0,3 целзиусови степени.

Ова и не звучи премногу страшно, но кацигата има можност и за следење на QR-кодови на граѓани, секако ако вакви се издаваат, препознавање на регистрација на возило, препознавање во темница и препознавање на ликови, што може да претставува кошмар за заштита на приватноста. Сепак производителот тврди дека податоците од камерата не ја напуштаат камерата и се обработуваат на кацигата.

Цената на камерата е помеѓу 5 000 и 7 000 долари. Во Кина се користат над 1000 кациги, а Италија и Холандија засега ги тестираат можностите на N901.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top