Три милиони сопственици на Mac досега го надградиле оперативниот систем во OS X Mountain Lion. Според оваа бројка Apple објави дека овој оперативен систем е најдобриот до сега за нивната платформа.
„Само една година неверојатно успешниот почеток на Lion, корисниците го симнаа Mountain Lion повеќе од 3 милиони пати за само четири дена, ова го прави најдобро издание до сега.“, вели Фил Шилер од Apple.
За цена од 20 долари најголем дел од корисниците ја завршија надградбата без грешка. Единствен проблем имат поновите корисници кои се квалификуваа за бесплатна надградба. Дел од нив имаа проблем со погрешни кодови за симнување. Иако побавно од претходникот кој за само еден ден стигна до бројка од 1 милион корисници, Mountain Lion има подобра прва недела и дефинитивно подобра продажба во првиот викенд.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.