0 коментари 1 мин. читање

Apple доби тужба за крадење на патентот за Siri

Тајванскиот универзитет „Ченг Кунг“ покрена тужба против Apple за нарушување на заштитниот знак на системот за препознавање на говор – Siri, кој им овозможува на корисниците да управуваат со телефонот по пат на гласовни наредби, пренесува Reuters.

Покрај веќе можеби и досадната судска битка за патентите со Samsung, и нанесување на мислењето дека Samsung ги крадат патентите, изгледа дека и Apple ќе треба да си го закачи тој епитет.

„Ја покренавме оваа тужба во Тексас, бидејќи процесот на донесување на одлуката е побрз, а и самите пресуди во голем дел се во полза на сопственикот на патентот, како и компензацијата за настанатата штета е поголема“, велат од универзитетот.

Тие сè уште не знаат колку ќе изнесува штетата што ќе ја барат од Apple, но велат дека ќе бараат математика која ќе се базира на вредноста на вкупната продажба на Apple во САД.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top