0 коментари 1 мин. читање

Хакери објавија украдени податоци на над 400.000 профили на Yahoo, бараат подобра заштита

Хакерската група D33Ds Company објави украдени информации за 453.000 профили на Yahoo, пренесува Ars Technica. За податоците тврдат дека се од корисници на нeобјавен сервис на Yahoo. Во објавенaта листа се и имејл адреси од Hotmail, Yahoo, Gmail, Aol и многу други.

Блогот за безбедност TrustedSec јавува дека најверојатно станува збор за Yahoo! Voices. Заклучокот го базираат на  “dbb1.ac.bf1.yahoo.com” кој е едне од домените поврзан со Yahoo! Voices.  Имајќи во предвид колку од корисниците ги користат истите комбинации на корисничко име и лозинка, најверојатно ова нема да заврши со објавените податоци.

Според податоците кои ги објавија, хакерите ја нападнале страната со SQL-injection, но според нив ова не е единствена слабост на серверите на Yahoo.

„Се надеваме дека одговорните за безбедност во овој под-домен ќе го разберат ова како повик за будење, а не како закана. Има многу безбедности пропусти на веб серверите кои им припаѓаат на Yahoo Inc., Тие предизвикуваат многу поголема штета од нашево објавување на податоци. Ве молиме да ги поравите грешките. Поддомените и осетливите параметри не ги објавуваме за да се избегне поголема штета.“, вели D33Ds во куса порака која стои на крајот на објавените профили.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top