4 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2012

Mozilla го објави официјалното име на својот оперативен систем – Firefox OS

Mozilla уште од минатата година најави дека работи на сопствен оперативен за мобилни уреди, а денес на својот официјален блог објавија соопштение дека мобилните уреди со Firefox OS ќе почне да се продаваат на почетокот на следната година.

Оперативниот систем, кој ќе биде базиран на HTML5 технологијат, доби голема поддршка од Deutsche Telekom, Etisalat, Smart, Sprint, Telecom Italia, Telefonica и Telenor кои се надеваат дека овој ОС ќе се најде на идните паметни телефони. Првите телефони кои ќе работат на Firefox OS ќе бидат изработени од TCL Communication Technology (Alcatel) и ZTE, и ќе се појават во Бразил во 2013-та година.

„Со изработувањето на мобилен оперативен систем базиран на отворен код, ние продолжуваме со промоцијата на отвореноста, иновативноста и можноста на вебот за корисниците и развивачите“, изјави директорот на Mozilla, Гери Ковач.

„Следната година се очекува по првпат да се забележат милијарда корисници онлајн, па важно е да им понудиме паметен телефон кој секого ќе може да го користи. Голем број на оператори и производители го поддржуваат нашиот напор и со тоа допринесуваат со додатни средства“.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
psy
psy
14 years ago

alcatel ???
fail!
:DDDDDDDDD

Alcatel
Alcatel
14 years ago
Reply to  psy

пред неколку години мислевте дека HTC е исто гомно како и Quart Телевизорите а сега секој втор има HTC телефон.
Никогаш не се знае што ќе се случи со технологијата

Трајанчо
Трајанчо
14 years ago
Reply to  Alcatel

Алкател мобилните ги имаме пробано, и знаеме колку вредат, затоа збориме. Истото важи и за ХаТеЦе, ги пробавме и видовме дека се ОК.

Е сега, се надевам дека си во право и дека Алкател може да се сменат, ама ај да видиме. Секако ќе им биде потешко да ја вратат загубената доверба.

Мени
Заедница
Изглед
To top