Сега кога ќе споделите твит на Facebook ќе забележите дека се споделува и линк назад кон Twitter, вклучувајќи ги и линковите до хаштаговите.
Ова е нова соработка меѓу Twitter и Facebook за која сè уште нема официјално соопштение, туку само потврда од Twitter дека започнуваат со подлабока интеграција со поддршка за бизнис страни, слика и линкови до хаштагови и кориснички имиња.
Интеграцијата е достапна за сите. За да се искористи потребно е да ја поврзете услугата преку вашиот Twitter профил со Facebook профилот. Доколку ги имате веќе поврзано, треба да се одлогирате и повторно да ги поврзете профилите.
