Проектот SARTRE е успешо завршен, вели Volvo. Три автономни возила без возачи безбедно поминаа 200 километри за еден ден низ Шпанија.
Секое возило го следеше тоа пред него, додека првото возеше самостојно зад автомобил возен од професионален возач. Возилата користеа безжична мрежа и радарски сензори, ласерски системи и камери за да ја одредат брзината и дирекцијата, односно да ги копираат активностите на водечкото возило. Просечната брзина беше околу 80 километри на час.
SARTRЕ проектот се разликува од автономните возила на Google по тоа што е спонзориран од Европската комисија која се надева дека ваквите автономни каравани можат да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид за 20 отсто. Со возила кои внимаваат на најмали детали може да се намалат и опасностите од човечки грешки и да се спасат животи. Според Volvo, овој проект ќе им овозможи на возачите „да користат лаптопи и да читаат книги додека се возат“.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.