0 коментари 1 мин. читање

Преземете скоро 3 милиони слики од Smithsonian Institution

Smithsonian Open Access e релативно нов веб сајт преку кој можете да преземате, споделувате и користите скоро три милиони импресивни фотографии кои се лишени од какви било авторски права.

Се работи за слики и податоци кои се преземени од 19 музеи на Smithsonian, девет нивни центри за истражување, како и од бројни библиотеки, архиви, па дури и од националната зоолошка градина. Библиотеката е преполна не само со 2D, туку и со 3D дигитални слики.

На располагање имате 2.8 милиони портрети, картички, постери, договори, но и слики од фосили, невообичаени суштества, како и бројни запрепастувачки модели. Она што е во три димензии може да се истражува така што се користи алатката од самиот сајт – 3D Voyager. Можете и да гледате како колекциите се користат од уметници за да се направат оригинални дела.

Колекцијата постојано ќе се надополнува со нови дигитални добра.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top