Популарниот босански бенд Dubioza Kolektiv го најави Dubioza Kolektiv Quarantine Show. Станува збор за концерти кои ќе се одржуваат секој понеделник од 20:30. Ова е начин на кој бендот самиот, но и на своите фанови, ќе им ја направи самоизолацијата поинтересна.
На овој онлајн концерт сите членови на бендот ќе свират од своите домови, а сесиите ќе траат по еден час.
„Во обид да изнајдеме начин како да ги скратиме долгите денови во самоизолација и да ги направиме поинтересни за нас и за другите одлучивме да ги креираме Dubioza Kolektiv Quarantine Show. Секој член на бендот ќе свири од дома, а луѓето ќе може да го следат во живо на нашиот YouTube канал, Facebook и на останатите друштвени мрежи“
Дубиоза колектив е босанска музичка група, музиката која ја свират е мешавина од неколку жанрови: реге, даб, рок, ска и хип-хоп. Членовите на бендот живеат во три различни држави, на седум различни се локации. Бендот досега има издадено 10 албуми, последниот албум #fakenews2020 го издадоа неодамна.
Во 2015 бендот издаде видео за бесплатни .mp3 песни и за Pirate Bay, еден од најпопуларните торент сајтови.