0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2020

СЗО, Microsoft, Facebook со хакатон против Ковид-19

Најголемите технички компании и Светската здравствена организација организираат хакатон на кој ќе се бараат решенија за предизвиците на светската пандемија. Поддршка на хакатонот му дадоа и Twitter, WeChat, TikTok, Pinteres, Slack и Giphy.

Хакатонот од денес ќе биде отворен за пријави на проекти за учество, а веќе се отворени регистрациите. Проектите може да се испратат најдоцна до понеделник.

На веб-страницата на хакатонот, се објавени и неколку насоки и области за проекти кои се од интерес:

  • Здравство: Решете и скалирајте решенија за здравствениот сектор, вклучително и превентива / хигиена (особено за земји со ризична популација); поддршка на здравствените работници; скалирање на медицина на далечина, стратегии за следење на контакти / изолација, развој на третман и дијагностицирање.
  • Ранливо население: Збир на проблеми со кои се соочуваат постарите лица и лицата со нарушен имунитет, пример пристап до оброци и намирници и поддршка на оние кои ја губат работа и приходите.
  • Бизнис: Збир на проблеми со кои се соочува бизнисот за да не пропадне, ефикасна соработка, преместување на делови од бизнисот онлајн.
  • Заедница: Промовирање на поврзаност со пријателите, семејството и соседите за борба против социјалната изолација и дигитализацијата на јавните услуги за локалната самоуправа.
  • Образование: Алтернативни средини за учење и алатки за ученици, наставници и училишни системи.
  • Забава: Алтернативи на традиционалните форми на забава што можат да ги одржат талентот и публиката безбедни и здрави.
  • Останато: Горенаведените теми се само предлози. Слободно бидете креативни!

Краен рок за пријавување на проектите е 30 март, а на 3 април треба да бидат објавени и најдобрите проекти.

За дополнителни информации посетете ја страницата на хакатонот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top