0 коментари 2 мин. читање

Пиратскиот остров Blueseed привлече стотици стартапи

Стотина стартапи се пријавија да работат од Blueseed, пиратскиот остров-брод кој ќе биде сместен во интернационалните води, oдалечен само 20 километри до Сан Франциско, и на кој ќе нема потреба од визи и дозволи за работа во САД, но во исто време ќе биде доволно блиску до Силиконската долина, ИТ центарот на светот, преполн со инвеститори кои се спремни да ги дадат своите долари за нови, возбудливи компании.

Идејата звучи откачено, интересно и се чини тешко остварлива, но основачите Макс Марти и Дарио Муабџија велат дека имаат поддршка од познати инвеститори и се надеваат дека бродот ќе заплови до 2013-та година.

Во анкета на Blueseed, ид 133-те стартапи кои се заинтересирале за островот, 20 отсто се од САД, додека останатите се од други земји во светот. За нив, блиското присуство до Сан Франциско може да биде бесценето за да си го развијат својот бизнис. Скоро 1/3 од стартапите се спремни да почнат да живеат и работат од островот доколку се изгради во овој момент.

Но, не секој може да работи од бродот бидејќи се плаќа кирија од 1.600 долари месечно, колку што и чини киријата во Сан Франциско. Околу 1.200 долари е за кабина која се дели со други, и 3.000 долари за „прва класа“. Постојано ќе има бродови кои ќе водат до копното и ќе постои инкубатор кој ќе им помага на стартапите да си ја развијат идејата.

[youtube]HEIldtHgRJo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top