24 коментари 2 мин. читање

Ќе може ли Samsung Galaxy S III конечно да стави крај на доминацијата на iPhone?

Samsung го претстави својот нов телефон Galaxy S III со 4,8 инчен екран (12,2 cm) и процесор со четири јадра. Galaxy S III треба да биде телефонот кој ќе ја зацементира положбата на Samsung како најголем производител на паметни телефони во светот, откако пред недела дена успеа да ја тргна Nokia од врвот, првпат по 14 години.

Хардверски гледано, Samsung направи супертелефон. Процесорот е 1,4 GHz quad-core Exynos, има HD Super AMOLED екран, 8-мегапиксели камера со подобрен софтвер кој овозможува тагирање на лица според контакти и го намалува тресењето на раката.

Galaxy S III има и подобрен интерфејс и нови функционалности со движењето, пример, откако ќе се подеси во опциите, може со допир и навалување хоризонтално да ја стартувате камерата, или пак да направите повик. Има опција Smart Stay со која телефонот следи дали гледате во него за да го вклучи или исклучи екранот. Ова се доста интересни функционалности кои ќе го направат користењето на уредот да биде позабавно. Има и S Voice што е гласовна интеракција за активирање на телефонот, контролирање на музичкиот плеер или фотографирање.

Се на се, спореден со друг четири-јадрен телефон HTC One X, Galaxy S III е соодветен, а можеби и подобар конкурент. Но, дали уредот може да биде директен ривал и на iPhone? За жал, тоа не зависи толку од Samsung колку од Android платформата и квалитетот на апликациите за неа. Android станува се попопуларен и новата верзија Ice Cream Sandwich е чекор понапред за Google и Samsung, но и за HTC, LG и другите мобилни производители кои ја користат за своите телефони, што го дели колачот и ја губи ексклузивноста. Аpple сè уште предначи со квалитетот.

[youtube]D683O1YeozY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

24 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top