0 коментари 2 мин. читање

#УчиОдДома Платформата JetMinds бесплатно достапна за сите

Бројот на заразени со Ковид-19 сè уште расте и барем засега мерките за кризна состојба продолжуваат и се заоструваат. Ова секако значи дека основците и средношколците не одат на училиште и едукацијата е во застој. Дел од институциите веќе бараат начин да го продолжат образовниот процес.

За да им излезе во пресрет на учениците и наставниците македонската компанија Sigmoid Group ја отвори платформата за едукација JetMinds за сите. До крајот на овој месец учениците од основните и средните училишта можат бесплатно да ја користат за учење.

JetMinds е производ на Sigmoid Group кој е поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој. Платформата овозможува бесплатно учење на мајчин јазик и по програма која го следи официјалниот образовен модел. Материјата е направена од врвни експерти (вклучително универзитетски професори) од секоја област.

Воедно, материјата на JetMinds е прикажана со илустративни примери од секојдневнието, со цел учениците да ја разберат суштината на проблемите кои ги изучуваат, а не само да учат напамет.

JetMinds има бесплатен и премиум дел, но во овој случај креаторите на платформата го отворија премиум моделот за сите. Сите заинтересирани можат да ја посетат JetMinds.org.

Платформата ја следи официјалната програма и е направена од врвни експерти – вклучително доктори на науки од ПМФ, инженери од ФИНКИ, како и соодветни кадри од други институции. Во моментот, продуктот е достапен на македонски јазик и го опфаќа предметот математика за основно и дел од средното образование, велат од Sigmoid Group.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top