Иако се приближува гејмерскиот саем E3, се уште нема никакви податоци за најновата „конзола“, oдносно функционален прототип на Wii U на Nintendo. Необјасниви, непрецизни и контракдикторни се податоците за карактеристиките на преносната конзола, а досега и цената на конзолата е изведена единствено од шпекулации и анализи на неколку гејминг портали.
Според анализата на> Forget the box, материјалите потребни да се произведе и дистрибуира конзолата чинат околу 180 долари, а материјалите за контролерот го чинат Nintendo 50 долари и се вклучени во вкупната цена. Според изворот на Forget the box, конечната цена на Wii U сè уште не е определена, но се очекува да биде околку 300 долари. За оперативната верзија на контролерот законзолата најавено е и NFC (Near Field Communication) опција која можеби ќе ја покачи цената за дополнителни 5 долари.
Ако за цената и има некакви претпоставки, за спецификациите на конзолата нема никакви, нема податоци дали Wii U ќе биде помоќен или послаб од Xbox360 и PlayStation3? HD графика, пристап до интернет, компатибилност со претходникот и слично? Најверојатно одговор на овие прашања сепак ќе добиеме на годинешниов Е3.
За дaтум на излегување има шпекулација за 18 ноември како глобален датум на излегување на конзолата, иако официјално од Nintendo сè уште нема податок освен јануари 2013 година како веројатен период на излегување. Nintendo немаат многу простор на грешка со оглед на тоа дека акциите на фирмата се најниски во последните седум години.
[youtube]X4SYeDArez4[/youtube]