0 коментари 2 мин. читање 9 април, 2012

Се повеќе луѓе користат таблет компјутери додека гледаат телевизор

Седите, гледате турска серија и со вашиот таблет компјутер пребарувате за следната епизода бидејќи не може да ја издржите неизвеснота на што ќе се случи следно. Новото истражување на Nielsen вели дека се повеќе луѓе користат таблет компјутери и паметни телефони додека гледаат телевизор.

Истражувањето на Nielsen е направено со корисници во САД, Британија, Германија и Италија, а резултатите велат дека 88 отсто од американците користат таблет компјутер додека гледаат телевизор, односно 86 отсто користат паметен телефон додека се пред телевизор. Интересно, скоро 45 отсто од корисниците на таблет компјутери велат дека ги користат уредите пред телевизор скоро секој ден, а 25 отсто велат дека ги користат неколку пати на ден.

Искрено, истражувањето не ме изненадува, туку само ми потврдува дека и другите имаат навики како моите. Телевизорот е пасивна забава, и затоа е лесно компатибилен со друга активност. Телевизорот исто така нуди содржина која не сме ја избрале, но за која сме заинтересирани заради различни причини, додека пријателите и дискусиите се случуваат на друштвените мрежи. Дополнително се покорисните мобилни апликации, од игри до алатки, се премногу лесни за користење што дозволува „мултитаскинг“ и следење на две различни нешта. Всушност, зарем ова не важи и за десктоп компјутерите?

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top