1 коментар 2 мин. читање

Најавена е Elder Scrolls Online

Најверојатно главната вест за видео игрите која ќе ја видиме месецов е вчерашната објава на Blizzard за конечниот датум на излегување на Diablo 3. Сепак да не беше оваа вест најверојатно најкоментиран настан ќе беше гласината дека Bethesda и ZeniMax во мај ќе го објават својот прв ММО (масивен мултиплеер) проект Elder Scrolls Online.

Според tomsguide, веста е потврдена од два извори, но објавени се многу малку детали за самата игра. Дејството на играта ќе биде сместено еден милениум пред Skyrim, а играчите ќе имаат можмост да одберат една од трите фракции. Фракциите за сега се познати единствено по нивните симболи: лав, змеј и феникс. Со оглед на тоа дека Skyrim ги однесе речиси сите награди за најдобра игра годинава ова можеби и не е лоша идеја.

Инаку оваа не е првпат да се спомне серијалот како можна подлога за ММО игра, а вакви вести имаше и пред пет години, само што тогаш се шпекулираше дека Fallout ќе биде првиот избор за ММО.

Што се однесува до приказните и историјата на Tamriel (континентот на кој ги следиме настаните) и Nirn (светот на кој се наоѓа „Tamriel”) на играчите кои го играле овој серијал им е добро позната речиси фанатичната посветеност на дизајнерите во својата намера да ве запознаат со светот, но и со историјата и хронолигијата на настаните на континентот. А пољубопитните можат да ја разгледаат историјата на http://www.imperial-library.info.

Бидејќи и досега Elder Scrolls серијалите со својот комплексен свет наликуваа на ММОRPG, најголем проблем со кој можат да се сретнат е презаситеноста на пазарот од ММО-а, а и можниот гнев на фановите доколку се решат серијалот да го претворат во целосно онлајн издание.

[youtube]PjqsYzBrP-M[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top