0 коментари 1 мин. читање

Први слики од Doom 4?

Иако имаше гласини дека Doom 4 е откажана поради различните оценки кои ги доби претходникот на idSoftware RAGE, по се изгледа дека овие гласини беа невистинити. Скоро и да не постои гејминг страна (иако не се само гејминг страни) која не ја пренесе веста дека се појавија нови слики од играта. Единствениот пробле е што сликите првин се појавија на 4Chan кој вообичаено не е веродостоен извор.

Сликите прикажуваат пост апокалиптичен свет и според прикажаното не може со сигурност да се тврди дека станува збор токму за Doom 4. По објавувањето на сликите Bethesda излезе со информација дека сè уште работат на Doom 4, иако не објавија дата, а ни година во која може да ја очекуваме играта. Остатокот од сликите може да го погледнете тука.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top